Солунскиот митрополит Антимос испрати писмо до сите грчки епископи со покана да земат учество во светата литургија што ќе ја отслужи утре во катедралниот храм на Солун, „Свети Димитрија“ (на грчки: Hagios Demetrios).
„Ќе отслужам божествена литургија со основната молитва да го зачуваме големиот дар на мирот во нашата татковина и регион, и второ, да ѝ биде дадена правда на Грција, односно името на нашата длабоко грчка Македонија“, порачува тој.
На крајот од писмото се вели дека ова архиерејско сослужение е „мирно и духовно собитие што се прави за нашата татковина и за нашата грчка Македонија“.





