Солза Грчева, претседателка на новоформираната партија Глас за Македонија и поранешна пратеничка на СДСМ, реагира преку својот профил на „Фејсбук“ на „донесувањето“ на Законот за употреба на јазиците.
„На криминален начин, со кршење на Деловникот на Собранието, тајфата го донесе законот за јазици. Ова не е Собрание, ние не го признаваме за наше. Македонија не смее да биде заложник на уценетата влада и на уценетите политичари. Марш багро од нашата земја. Одете и бидете земјани, гуштери, што и да сакате. Македонци не сте.
А Законот ќе се врати назад!“, напиша Грчева, веднаш потоа повикувајќи: „Ајдете Македонци пред Собрание!“.





