Кошаркарите на Карпош Соколи доживеаја пораз од Калев со 79-87 кој ги намали драстично нивните шанси за продор во следното второ коло од квалфикациите за ФИБА Евролигата. Во Борис Трајковски македонскиот вице првак попладнево доби две четвртини, втората и третата, но тие беа само за надокнадување на негативата што беше создадена во првиот период од мечот, а во последниот веќе паднаа и немаа шанси за враќање во одмерувањето кое е воведно, и кое ќе доживее репетиција за два дена во Талин.



Прашање е колку постојат шанси за пресврт, за камбек иако во поголемиот дел од скопскиот дуел се доби впечаток дека станува збор за изедначени по квалитет екипи и дека Соколи можеа и да слават. Најефикасни во нашиот тим беа Мекфејден со 23 и Николовски со 16 поени.