Лани во Македонија биле собрани вкупно 637.471 тони комунален отпад, што е зголемување од 2,5 проценти во споредба со 2023 година, информираат од Државниот завод за статистика. Ова зголемување се должи на проширување на системот за колективно собирање, со вклучување на поголем број населени места, велат од ДЗС. Создадениот комунален отпад изнесува дури 790.866 тони, што укажува на тоа дека значителен дел сè уште не се прибира системски.
Најголем дел од отпадот – 180.729 тони или 28,4 проценти, е собран во Скопскиот регион, што го прави водечки по количина собран отпад.
Поголемиот дел од отпадот доаѓа од домаќинствата – 535.606 тони или 84 проценти, додека преостанатите 16 проценти потекнуваат од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Кога станува збор за типот на отпад, измешаниот комунален отпад доминира со 546.866 тони или 85,8 проценти, додека најмалку се собира отпад од гума – само 1.136 тони или 0,2 проценти.
Собрани се 637.000 тони, но вкупно создадениот комунален отпад изнесува дури 790.866 тони, што укажува на тоа дека значителен дел сè уште не се прибира системски. Просечното годишно количество отпад по жител е намалено – во 2024 година изнесува 438 килограми, што е за 12,9 проценти помалку отколку во 2023 година.
Целиот текст прочитајте го тука.





