Советуваниот од Фрчкоски, Чупевска и Груби е оговарач или аналитичар, анализира потписникот на договорот со САД

Потписникот на договорот за Стратешко партнерство со САД екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ги анализира дневно-политичките коментари на екс претседателот Пендаровски.



,,Пендаровски во 2020 зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија 🇧🇬🇲🇰 и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија”, вели Милошоски кој смета дека затоа проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва , бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа.

,,Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД”, пишува Милошоски според кого Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство 🇺🇸🇲🇰 и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји.

,,Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси”, пишува Милошоски.

Вчера вицепремиерот Александар Николовски даде мистериозна изјава на истата тема

Стево троши пензијата и дружи разузнавачи додека можеш – лажно обвинет за “иранско – турско – унгарско влијание” со совет до Пендаровски