Советот за безбедност усвои резолуција за итен прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се повикува на „итен прекин на огнот“ во Газа, откако САД се воздржаа од вето на мерката, што е промена од претходниот став.



Во текстот се бара и итно и безусловно ослободување на сите заложници, како и итна потреба да се прошири текот на помошта во Газа.

Телото не можеше да донесе одлука уште од почетокот на војната во октомври, постојано не успевајќи да се договори за повик за прекин на огнот.

Сега, додека САД се воздржаа од гласање, 14-те други членки на Советот за безбедност гласаа за резолуцијата.

Потегот на САД сигнализира зголемено несогласување меѓу нив и нивниот сојузник Израел околу израелската офанзива во Газа, вели Би-би-си.