Советничка на Трамп продава велигденски „благослови“ за по 1.000 долари

Главната советничка на претседателот Доналд Трамп за верски прашања продава седум „натприродни благослови“ пред Велигден по цена од 1.000 долари или повеќе.



Пола Вајт, ги покани своите следбеници да ѝ испратат донација до Велигден со цел – според неа – „да добијат седум специфични натприродни благослови“.

Овие благослови вклучуваат дека Бог ќе „испрати ангел да те чува“, „ќе им стане непријател на твоите непријатели“, „ќе донесе благосостојба“ и „ќе лечи болести“.

Вајт, долгогодишен сојузник на Трамп, е позната по жестоките јавни молитви во негова корист, вклучително и онаа што таа ја понуди на почетокот на митингот на 6 јануари 2021 година, непосредно пред нападот на Капитолот на САД.

Ова не е прв пат Вајт да бара пари во замена за „натприродна заштита“.

Во новото видео таа тврди дека во пресрет на празникот Велигден, човек може да добие седум посебни благослови ако „го почитува Бога“…
. Овие благослови – вклучително и „Божја заштита“, „исцелување“, „просперитет“ и „победа над непријателите“ – исто така се детално наведени на нејзината официјална веб-страница.

„Не го правиш тоа за да добиеш нешто“, вели Вајт додека ги крева рацете, додека пијаното тивко свири во позадина. „Направете го тоа во чест на Бога, свесни за тоа што можете да добиете“.

По нејзината изјава, во видеото се појавува наратор кој вели:

„За вашата специјална велигденска понуда од 1.000 долари или повеќе, како што ве инспирира Светиот Дух, ќе добиете и прекрасен кристален крст висок 25 сантиметри.

Не пропуштајте ја можноста да ослободите седум натприродни благослови и Божја одредба во вашиот живот“!

Нејзината понуда наиде на жестоки критики…