„Отворањето на Конзулатот на Србија ја загрозува стабилноста на градот Куманово и влијае врз меѓуетничките односи!“ – ова тврдење го изнесоа групата на советници од ДУИ во Советот на општина Куманово Арта Мемети-Адеми, Фитор Јакупи и Менду Асани денес на прес-конференцијата, што ја одржаа пред зградата на општина Куманово во врска со последните случувања во градот Куманово. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Опен-ТВ.МК“.
Во веста порталот дополнува: „Овие советници од ДУИ ги повикаа советниците од Вреди да ја напуштат коалицијата со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и да се обединат со опозицијата, за да се направи силен фронт за правата на Албанците во Куманово.“





