Снопче загрижен: Без Алијанса ќе има нестабилна влада

Пратеникот на Алијанса за Албанците (крилото на Таравари), Халил Снопче, рече дека владата не може да биде стабилна и функционална без учество на пратениците Албанци во неа.



Според него, без нив не може да се постигне добро управување, а влада без добро управување значи нефункционална влада, објавува Телграфи

„Влада без пратеници Албанци ќе биде нефункционална и нестабилна, бидејќи Бадентер нема да се постигне. Нема да биде долгорочна, логички или бројчано. Но, всушност, практично тешко дека би функционирала“, рече Халил Снопче во интервју за „ТВ Коха“.

Снопче вели дека Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари, го дала потребниот придонес за промени во албанскиот табор.