Во селото Дубница во општина Сјеница, Србија, 39-годишна снаа ја избодела својата 67-годишна свекрва неколку пати со нож.



Според српски медиуми, осомничената снаа живеела во странство, но во моментот на инцидентот била во Србија поради бракоразводна постапка.

Свекрвата починала од здобиените убоди.

Инцидентот се случил во семејниот дом, а случајот бил пријавен кај надлежните.

Против осомничената е поведена постапка поради сомнение за тешко убиство и во моментов е во притвор.