Новата влада започна со промените на директорите на јавните претпријатија, а на денешната седница и меѓу првите падна директор на Државниот архив Филип Петровски кој е заменет со Кирил Петров. Петровски претходно беше диектор на Градската библиотека, а во подолг период вршеше и други функции иако во неколку наврати ги менуваше партиите.
Неговата смена предизвика бура од реакции на социјалните мрежи кои 10 часа активно се занимаваа со заминувањето на Петровски и главно го одобруваа очекуваниот потег на владата на РМ.
Многу помирно мина смената во Јавното претпријатие „Службен весник“, каде кумановецот Мартин Костовски доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Лука Кржалоски, па и разрешувањето на портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев кој во неколку ситуации беше споменуван и во бомбите.