Случајот во кој детенце е доделено на татко семеен насилник мора да се повтори – одбраната укажува на нерегуларности

Судијката Елена Балевска од судот во Охрид треба да одлучи за барањето на одбраната на мајката од Скопје да се повтори постапката во охридскиот суд поради очигледни нерегуларности при што четиригодишното дете не и беше доделено неа, туку на таткото кој е извршител на семејно насилство, пишува А1ОН.



Одлуката да се додели четиригодишното дете на таткото кој е финансиски моќен човек, се темели на извештајот на Центарот за социјални работи во Охрид, кој не бил надлежен за случајот да дава мислење.

Во барањето за повторување на постапката од одбраната се наведува дека за предметот иако било нагласено дека надлежен е Центарот за социјални работи во Скопје бил решаван врз основа на проценка на Центарот за социјални работи во Охрид кој имаше цели редови пофалби за таткото како родител „зошто имал пари и живеел во Охрид“, односно било попогодно за детето да живее во мало место. Тоа дека таткото го имаше грабното детето претходно и дека е осуден за семејно насилство и пријава за лажно пријавување немаше ништо во мислењето на Центарот во Охрид. Мајката не ја ни контактирале, ниту ја спомнуваа.

Мислење на Центарот за социјални работи во Охрид освен што било невалидно зошто е во спротивност со ставот на Министерството за социјална политика, демографија и млади туку е сосема спротивно и со надлежниот Центар во Скопје кој сметал дека детето треба да биде доделено на мајката.

Но ова мислење и покрај неколкуте укажувања не е земено во предвид во постапката. Напротив, судијата во Охрид донесе одлука базирана на извештајот на Центарот за социјални работи во Охрид, затоа што тој сметал дека тоа е мислење валидно за постапката.

Засега кривична пријава доби вд дикректорот на Центарот за Социјални работи на Охрид, Игор Еленчевски поднесена од страна на Министерството за труд и социјална политика поради неговото постапување надвор од укажувањата на надлежните органи. По инспекцискиот надзор тој е и разрешен од функцијата пишува порталот.

Повеќе детали на овој ЛИНК