Ќе се воведе регистер за службените возила за да се стави крај на злоупотребите, најави директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски во изјава за Сител.



Како што рече, службените возила ќе добијат соодветни таблици (во друга боја) со кои ќе се разликуваат од приватните.

„Ќе се воведе еден регистар каде ќе се водат сите државни и општински возила, ќе знаеме точно со каков возен парк располага државата и истите ќе добијат соодветни таблици, односно таблици во боја.

Во случајов како што е со такси компаниите и дипломатските возила.

Со тоа сметам дека ќе исполниме уште едно предизборно ветување кое што го имавме.

Сите возила ќе бидат обележани со иста боја за да се разликуваат кои се приватни, кои се државни“, изјави Томовски.