Црномурестата Американка славеше во финалето против Медисон Кијс со многу убедливи 2-0 (6-3,6-0) и дојде до првата титула на Флешинг Медоу, и воопшто на Гренд Слем турнирите. 87. тенисерка на светот која имаше долга пауза што ја однесе блузу позицијата 1000 на ВТА листата, не беше вбројувана меѓу фаворитите пред почетокот на настанот во Њујорк, но победи што беше изненадување и за неа. За победата Стивенс во Њујорк доби 3.7 милиони долари.



„Ова е неверојатно. Ваква среќа досега не сум почувствувала. Ова е исполнување на сонот. Игравме американско финале со Меди, а јас сум победничка во Њујорк. Некој да ми кажуваше, немаше да верувам“, изјави Стивенс по остварувањето на најголемиот успех во кариерата.