Помалку од 90 секунди ја делеа фудбалската репрезентација на Словачка од четвртфиналето на Европското првенство во Германија, но сензационалните 1:0 против Англија и историскиот подвиг градени 94,5 минути паднаа во вода во петтата од шесте минути судиско продолжение во Гелзенкирхен.
Голот на Шранц од 25. минута се чинеше доволен за Словаците да им закажат дуел за полуфинале на Швајцарците, но радоста им ја скрати Белингам, а ги дотолчи Кејн уште на стартот од првото продолжение од 15 минути.
ВАР им поништо гол на Англичаните преку Фоден во 51. минута поради офсајд, но вицешампионот имаше голема среќа што четири минути подоцна Стрелец не погоди речиси од средината на теренот, обидувајќи се да ги казни погрешното додавање на противникот и истрчаниот Пикфорд.






