Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, денеска да одат во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани.
Целта е навремено да им биде изработен личниот документ со кој ќе можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.
МВР во периодот до 08.00 до 15.00 часот денеска ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“).






