Славјанкина математика и логика: СДСМ на изборите освоила три пати повредни гласови од тие на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Според математиката и политичката логика на пратеничката на СДСМ и екс министерка за одбрана Славјанка Петровска СДСМ освоила три пати повредни гласови на парламентарните избори од ВМРО-ДПМНЕ.



Од пратеничката говорница Петровска јавно ја објави својата математика според која во морална смисла 150 илјади на СДСМ гласа вредат повеќе од 500 илјади на ВМРО-ДПМНЕ.

На изборите СДСМ освои 151 илјади гласови а ВМРО-ДПМНЕ над 430 илјади но Петровска гласовите на својата партија ги вреднува многу повеќе затоа што според неа тие не лажеле.

Според пратеничката Дафина Стојаноска изјавата на Петровска е дно.

,,Лажење и понижување на македонските гласачи… Како и до сега… Дно”, пишува Стојановска објавувајќи видео од изјавата на Петровска.

Видеото на линкот

https://www.facebook.com/share/v/19ozoL3jou/?mibextid=oFDknk