Иако Холивуд е познат по својата немилосрдна конкурентна средина, и таму постојат долги и цврсти пријателства, кои станаа толку познат како и самите ѕвезди.
Jennifer Aniston i Courteney Cox
И покрај тоа што се поминати 13 години од прикажувањето на последната епизода на легендарната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон (48) и Кортни Кокс (53) останаа блиски пријателки. Јавноста често може да ги види заедно и едната за другата имаат само пофални зборови во медиумите. Кокс за Анистон изјави дека е „најдобар пријател во светот“, а Џенифер за Кортни вели дека е „многу лојална и дека таа и дала подршка во најтешките моменти во животот“.

Naomi Watts i Nicole Kidman
Наоми (48) и Никол (50) се запознаа како тинејџери, кога играа во филмот „Флертувајте“ во 1991. година. Додека Никол веќе ја изгради својата кариера во Холивуд, Наоми се обидуваше да се пробие и во еден момент таа сакаше да се откаже од се, но нејзината пријателка Кидман ја наговари да не се откажува и да продолжи да се обидува.

Matt Damon i Ben Affleck
Познатите актери се израснати блиску еден до друг, тие се школувале во истото училиште во Бостон и делеле ист сон да станат познати актери. Потоа како цимери, заедно го напишале сценариото за филмот „Добриот Вил Хантинг“ во 1994 година.
Филмот ја виде светлината на денот, три години подоцна, и Бен (45) и Мет (47) станаа миленици на Холивуд. Тие освоија Оскарот за најдобро сценарио, а Робин Вилијамс го доби Оскарот за најдобра споредна улога. По смрта на Робин, двајцата, сега веќе познати актери изјавија дека својот успех му го должат токму нему.





