Еден од најдобрите британски атлетичари на сите времиња Колин Џексон призна дека е геј и дека тоа е цел живот, но дека го објавува тоа сега, кога е сигурен дека нема да има импликации по кариерата. Колин сега има 50 години, а беше Светски првак на 110 метри со пречки во Штутгарт во 1993 и во Севиља во 1999 година. Во меѓувреме освојуваше медали и на Олимписките игри и на Европските шампионати.
Џексон признава дека по дома го знаеле бидејќи доста рано, уште додека трчал во Топ форма и за огромни награди и спонзорски договори, им соопштил на неговите родители, кои, интересно веднаш и без забелешка ја прифатиле неговата сексуална определба. За разлика од родителите расположението околу спринтерот не му давала за право да се надева дека со евентуална објава ќе може да смета на сета поддршка потребна за постигнување на врвни резултати особено во подолг период.
Родениот Велшанец со семејни корени од Јамајка, Колин Џексон важи за најдобриот Британец во кратките атлетски делници во последните неколку децении.





