Екс министерот за финансии и актуелен претседател на Советот на град Скопје Трајко Славески анализира што ја чека Македонија: ако СДСМ продолжи со финансиските ,,успеси” со кои се фали во јавноста.
Славески анализира дека просечната нето плата со која се фали СДСМ всушност реално има многу помала вредност од претходно.
,,СДСМ се фали дека со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40.000 денари.
Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25%, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 година со 1.000 денари сме можеле да купиме 4 килограми пилешко, во декември 2023 година со истата илјадарка можевме да купиме само 3 килограми пилешко. Ако, не дај Боже, СДСМ продолжи со истите политики, не чека ова”, пишува Славески прикажувајќи соодветни фотографии.






