…Пред неколку дена, како земја добивме интересна пофалба. Имено, американскиот амбасадор во НАТО, г-ѓата Џулијан Смит, во интервју за МИА не штедеше зборови да нѐ пофали за тоа што за само неколку години членство во НАТО, не само што сме ја достигнале границата од 2% издатоци за одбраната, туку и дека сме ја надминале.
Со тоа, сме се вброиле во две третини од земјите членки на НАТО, што си ја исполниле обврската“ пишува професорот Трајко Славевски во авторски текст за „Плусинфо“ насловен „Hem Fukara Hem Şeyi Büyük‘ или во превод „Ем сиромав, ем се дигнал до небо“
Професорот, потсетува дека десетина земји, членки на НАТО сѐ уште успеваат да ја одбегнат обврската за зголемување на воените издатоци и покрај убедуваатам војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток….
„Не ми е познато какви аргументи користат за оправдување на својата „непослушност“ овие земји. Веројатно се добро изверзирани, кога на некои од нив, меѓу кои има и основачи на НАТО, тоа им успева со децении“ вели професорот и изнесува податоци:
За минатата 2023 година, помалку од 2% од сопствениот БДП за одбрана издвоиле Франција (1,9%), Холандија (1,7%), Норвешка (1,7%), Данска (1,6%), Германија (1,6%), Чешка (1,5%), Италија (1,5%), Канада (1,4%), Турција (1,3%) и Шпанија (1,3%).
(…)
За нашата јавност, остана нејасно на кој начин, за само неколку години членство во НАТО, сме успеале да ја надминеме границата од 2% од БДП за издатоци за одбраната. И дали ќе можеме и во блиска иднина да го одржиме веќе достигнатото ниво на воените издатоци во БДП.
Професорот истакнува дека издатоците за одбраната, според НАТО барањата, не смеат да бидат на сметка на кратење во областите на образованието, здравството, социјалната заштита, заштитата на животната средина и други, од кои директно зависи благосостојбата на нашите граѓани, сега и во иднина.
(…)
Знаеме колку ни е долга чергата. Да не се однесуваме како во турската изрека од насловот на овој текст, која нашиот народ ја користи со векови, додуша во помалку пристоен контекст и поимање.