Случајот „Скопски пазар“ каде се пресудило во корист на сопругот на Весна Дамева, казната за „ќебапите“, но и партиската обоеност на сопругот се најспоменувани изминатиов период, кога во прашање е судијката Габриела Гајдова, пишува порталот Скопје1 во својата анализа на контроверзната судијка од скопска апелација која е предлог за да биде судија во Стразбур.
За тројцата предложени кандидати меѓу кои се и адвокатот Јордан Апостолски и екс обвинителката на СЈО и соработничка на Катица Јанева, Ленче Ристовска, допрва ќе се решава на владина седница.
,,Истовремено, највисокиот суд за човекови права, прво што бара е висок морален интегритет. Судијката смета дека истиот го поседува и дека е отпорна на влијанија, но обвинувања за нејзината работа трпи и додека се чека конечната одлука по нејзината апликација. За Стразбур пак, доволно е да постои легитимен сомнеж, за да утврди повреда на правата заштитени со Конвецијата.
Се чини дека најголемата „дамка“, со која во јавноста и се оспорува интегритетот, е токму предметот „Скопски пазар“. Гајдова во него, постапувала како судија известител во скопска Апелација. А за да биде избрана во овој второстепен суд, била гласана од Весна Дамева, чиј сопруг е оштетена страна во тој предмет. Интересен факт е дека предметот чиј известител е Гајдова, е одлучен токму во корист на Дамев, но потоа, Врховен суд ја укинува одлуката со неколку забелешки – меѓу кои и погрешно применета судска пракса. „Скопје1“ праша дали со ваква одлука, а како известител во предметот, Гајдова ѝ се оддолжила на Дамева, на што таа рече дека нема никаков долг, а и без нејзиниот глас би била избрана за судија во Апелација. Ако се видат новинарските известувања, сепак, може да се заклучи дека Дамева не штедела комплименти при изборот и рекла: „Таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”. Сепак, судијката за „Скопје1“ вели дека било побарано нејзино изземање, но барањето било отфрлено”, пишува порталот.
Повеќе детали на овој ЛИНК






