Ограноците на Демократската унија за интеграција во Скопје сега ќе функционираат како еден.
Ваквата одлука е донесена синоќа по средбата што ДУИ ја имаше со скопските ограноци, а тие ќе бидат водени од Беким Незири.
На средбата присуствуваа претседателите на скопските ограноци, пратениците на ИЕ 1 и 2, како и членови на ова тело.
Оваа реорганизација според ДУИ доаѓа да има поголема организациска ефикасност како и поголем приоритетен простор за младите.






