Од утре, Зоолошка градина во Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден.
„Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме“, стои во објавата на Фејсбук на скоската ЗОО.
Зоолошката беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на птици, беа воведени мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во Зоолошката градина за присуство на вирусот, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширење надвор од Зоолошката градина кај животните и кај луѓето.