Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека ски-центарот „Михајлово“ официјално ќе биде отворен на 1 јануари.



„Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија!

Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека.

Нова година, нов успешен почеток!

Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата“, напиша Јанчев на Фејсбук.

Благодарејќи на врнежите од снег, во најновиот ски-центар во Македонија има и повеќе од доволно „природен материјал“, но тука се и „топовите“ за вештачки снег.