Скендер Реџепи од „Европскиот фронт“ разговарал со турскиот министер за надворешни работи Фидан и за „албанско-турското пријателство“

„Скендер Реџепи-Зејд, лидерот на партијата Движењето ‘Народ’, која е дел на така наречениот ‘Европски фронт’ на ДУИ, во текот на денешниов ден во седиштето на Министерството за надворешни работи на Турција реализира средба со министерот за надворешни работи на оваа држава Хакан Фидан. Меѓу другото, на оваа седба било разговарано за политичките актуелности во * Македонија“ – објави ТВ Шења.

ТВ Шења пишува: „Во седиштето на Министерството за надворешни работи на Република Турција остваривме средба со министерот за надворешни работи на оваа земја д-р Хакан Фидан. Со него разговаравме за актуелната политичка ситуација во * Македонија, како и за стратегиската важност на албанско-турското пријателство, бидејќи улогата на Турција на Балканот, како членка на НАТО, но и во насока на економскиот развој, има исклучителна важност за зачувувањето на мирот и за придонесување кон развојот на земјите на Западниот Балкан.“ – напиша по оваа средба лидерот на Движењето „Народ“ Скендер Реџепи – Зејд.