Познатата холивудската актерка сака да се разведе веднаш за да може да започне да живее со своето ново момче, комичарот Колин Џастон (35), со кого таа е во врска од мај годинава.



Скарлет Јохансон (32) веќе поднесе барање за развод од францускиот новинар Роман Доријак (36) бидејќи смета дека нивниот брак е „безнадежно урнат“. Јохансон и  Доријак се венчаа во 2014. година, набрзо по раѓањето на нивната ќерка. Во моментов актерката се бори за старателство над тригодишна Роуз. Ова е втор брак на ѕвездата од филмовите Lost in Translation, The Jungle Book, Captain America, Vicky Cristina Barcelona и многу други, а претходно таа беше во брак со колегата Рајан Рејнолд од кого се разведе по заеднички живот кој траеше три години.

Во 2016. година Јохансон беше прва на листата најпрофитабилни актерки според рејтингот на магазинот Forbes. Таа во меѓувреме покажува и други амбиции, и не ја крие желбата еден ден да има политичка кариера и да се кандидира за претседател на Соединетите Американски држави.

„Мислам дека сега не е добро време со оглед дека имам мало дете и многу обврски околу смимање на закажаните филмови“ вели актерката и додава дека на политиката би се фокусирала кога нејзината ќерка ќе порасне, бидејќи тогаш таа ќе може да и се посвети комплетно.