Фрапантни податоци за акумулиран долг и информација за опасност од работа на раб на одржливост соопшти денеска Христијан Костов директорот на Градската општа болница „8 Септември“. Тој вели дека долгот е 243 милиони денари и дека оваа состојба ја затекнал откако стапил на функција. Долгувањата се кон различни фирми, а имало неплатени сметки, режиски трошоци како и неплатени казнени камати поради тужби.



„Во некои простории не е направено ништо уште од самото пуштање на болницата во употреба, од 1971 година. Од круцијално значење е интервенцијата кај операционите сали кои со ова темпо на работа на болницата, во догледно време нема да бидат функционални. На годишно ниво се изведуват околу седум илјади оперативни интервенции. Треба да се обноват и амбулантските простории. Тука се опслужуваат околу 250 илјади пациенти годишно“ рече Костов.

Приоритет во неговата работа ќе биде реконструкција на оперативниот блок и единицата за реанимација, бидејќи таму операциите се одвивале, во како што кажа, субстандардни услови.