Невозможни 179 денари за килограм розеви домати е најновата цена која ја достигна овој вид зеленчук. Несфалтиво за земја со термални води и над 200 сончеви денови да се случува ова. Некој сака да си игра мајтап со народот, или пак сака да направи голем профит преку ноќ – навистина останува непознато, но многу иритирачки за потрошувачите, кои ни криви, ни должни сакаат да купат од се по нешто.

Можеби во Шведска или Норвешка овој производ чини толку, но таму луѓето секако не живеат со 20 000 денари месечно, а некои дури и ретко и тие ги земаат.





