Дали наместо македонски, на новите апарати за билети стои само албански симбол – различни верзии за јазикот

Дел од граѓаните сметаат дека ознаките се само на албански а дел пак велат дека апаратите за билети на ЈСП имаат и македонска и албанска поддршка во зависност од избраниот модел. Според тие што не гледаат дека има и на албански јазик надлежните или не гледаат, или не сакаат да видат дека нешто чудно се случува со новите валидатори за билети поставени на задната врата во автобусите на ЈПС „Скопје“. Иако со недели не работеа, за што постојано се жалеа скопјани, сега откако дел проработеа, во очи паѓа албански симбол, односно добро-познатиот двоглав орел. Дел од граѓаните реагираат и прашуваат зошто во сопствената држава, посебно во јавниот градски превоз стои симбол од друга држава. Дел од граѓаните пак велат дека им се појавува и македонско знаме.



  • Ова е катастрофа. Ова го нема никаде, и може да го има само во Македонија, земја во која секој си прави што си сака, и на крај никој не одговара. Срам од невидени размери. Кај чекаме автобус со саати, и кога ќе дојде и кога ќе влеземе, глетката е катастрофална. Гужви, турканици и згора на се ова албанско, ќе го наречам знаме, реагираат патниците кои се возеа со автобусот со број 7, на потегот од Лисиче до Карпош.

Фото: Експрес.мк (не смее да се преземаат фотографиите без да се наведе изворот).

Колку за потсетување, валидаторите за билети кои беа поставени на задната врата во автобусите на ЈПС „Скопје“ со недели не работеа. Апаратите за плаќање беа завиткани со црни кеси и патниците можеа да го поништат билетот само на валидаторот поставен на предната врата. Тоа создаваше, но и се уште создава дополнителни гужви во автобусите кои и така ги нема, а кога ќе дојдат се преполни со патници.

Инаку, во јавниот превоз во Скопје има недостаток на возила, па затоа за да се пополнат линиите, пуштени се и панорамските двокатни автобуси. Но, и покрај тоа, во јавниот превоз, кој моментално се одвива отежнато, недостасуваат автобуси и доцнат со часови. Проблемот ќе биде поголем во текот на зимата, со зимскиот возен ред, за кој се потребни повеќе автобуси. Граѓаните веќе немаат трпение, буквално збеснуваат на постојките на кои чекаат со часови за да дојде автобус. Што ќе се случи во иднина, останува само да видиме.