Скандалот со домашниот притвор на осомничениот Асмир Јахоски и обвинителството за организиран криминал Ислам Абази го стави државниот обвинител Љупчо Коцевски во невозможна ситуација.
Скандалот во кој обвинителство кое го води Абази, човекот над чија глава седеше братот на Али Ахмети се согласи Асмир Јахоски да не оди во Шутка, покажува дека државниот обвинител Коцевски или нема никаква контрола на обвинителството или е дел од мрежата на ДУИ во која нема ефективен притвор за луѓето на Али Ахмети.
Иако станува збор за сомнежи за криминал со мазут од речиси 170 милиони евра, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција решило да се согласи, да го промени своето барање и наместо во затворски, да предложи куќен притвор за сопственикот на Пуцко Петрол.
Она што фрла сомнежи дека политиката вмешала прсти во ваквото сценарио е што прв обвинител за гонење организиран кримнал е Ислам Абази од Мала Речица, сосед на лидерот на ДУИ, партија од која пратеник е Исмаил Јахоски, таткото на Асмир.
Во оваа ситуација државниот обвинител Љупчо Коцевски молчи и дозволува осомничен човек да дојде во ситуација да влијае на сведоци или да избега.
Зошто го прави тоа Коцевски и зошто досега не преземал соодветни мерки како државен обвинител и не е толку важно колку што е важно дека тој со ништо не спречил или не се ни обидел да обезбеди соодветен прогон на човек кој учествувал не само во висока корупција инкриминал туку и во можна еколошка хаварија која однесла илјадници животи.
Обвинител со чувство за чест и достоинство досега ќе дадеше оставка од својата позиција но тоа не важи за Коцевски кој од засега непознати причини не заминува од позицијата државен обвинител од која немо набљудува како осомничени добиваат шанса да се спасат за своите дела преку судски, обвинителски,
партиски и политички мрежи.
Преходно Коцевски влезе во пресметка со двајца виши обвинители кои што можеа да бидат кандидати за негов наследник.
Најверојатно затоа што обвинителите Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски се обидоа да го решат случајот со милионите евра кои незаконски ги добиле екс обвинителите од СЈО кои сега се негови блиски соработници, Коцевски тргна во војна против нив користејќи обвинители кои не смееле да вршат надзор врз вишите обвинители.
Со непреземањето мерки за домашниот притвор на Јахоски кој е син на пратеник од ДУИ, Коцевски отвори сомнеж дека освен под влијание на моќни но најблаго кажано контроверзни обвинители тој работи на иста линија со луѓе од првите кругови околу ДУИ.
Поврзана вест
Ги нарекува мртви души и адвокати на ѓаволот





