Скандалот на онкологија сè уште ја потресува јавноста – пациентите биле жртва на негрижа

Скандалите од Клиниката за онкологија сè уште ја потресуваат македонската јавност. Пациентите биле жртва на негрижа од страна на минатата власт, а аферите кои беа обелоденети сега се користат за некакво оправдување за избегнување на одговорност. Пациентите, нивните семејства, вработените ја знаат вистината, а официјалните извештаи постојат и сведочат за реалната, застрашувачка слика.



КУРИР стапи во контакт со проф. д-р Андон Чибишев, кој беше прво стручно лице кое веднаш по обелоденување на аферата излезе со анализа во јавноста.

– Мојот коментар ќе го започнам со мои зборови кои ги кажав само 10 дена после обелоденувањето на аферата „Онкологија“ во емисија кај почитуваниот Љупчо Цветановски: „Аферата Онкологија е најгрозоморната и најтраорна афера во историјата на македонското здравство“. Аферата му нанесе смртоносен удар на здравството од кој и денес после скоро една ипол година последиците сè уште се чувствуваат. Довербата во јавното здравство која и онака беше на најниско ниво дополнително е изгубена, пациентите се во очај и неверување и се почесто спасот го бараат во странство, а во Македонија плаќаат здравствено осигурување. Од оваа временска дистанца може слободно да кажам дека овој невиден скандал ќе го обременува и ќе го обструира здравствениот систем во целина уште долго време затоа што ќе остави длабоки и тешко решливи последици кои најмногу ги погодуваат пациентите, а потоа ќе го отежнат патот кон решавање на проблемот, вели Чибишев.

Целото интервју прочитајте го тука.