На видеото објавено од активисти на македонската заедница во Канада се гледа како вицеконзулката на Македонија во Торонто Александра Стојкова во моменти кога говорникот започнува да говори за искушенијата со кои се соочува со Македонија излегува на говорницата и му става листови хартија пред уста.
Иако дел од коментарите на социјалните мрежи велат дека вицеконзулката се обидела да му ја стави хартијата во уста сепак очевидци тврдат дека тоа не се случило.
На видеото се гледа дел од инцидентот кој кој предодно го објави expres.mk (повеќе за инцидентот на овој линк ) а се случил за време на подигнување на знамето на 8-ми септември на прославата на денот на независноста на Република Македонија.
Човекот на кој македонскиот дипломат му ги прекинува говорот е претседателот на Организацијата на Обединетите Македонци на Канада Мендо Бакаловски, догогодишен активист на правата на Македонците и еден од најпочитуваните Македонци во оваа земја.





