Скандалозно: Две судијки од Управен суд кои пресудија против Силјановска и ДКСК се предавачи кај тужителот, Академијата за судии и обвинители

На фотографиите се директорката на Академијата за судии и обвинители Наташа Габер Дамјановска која ги најмила судијките да предаваат, членовите на ДКСК и Гордана Силјановска Давкова кои се жртви на конфликтот на интереси што постои меѓу Управниот суд и Академијата за судии и обвинители



Скандалозно откритие кое дополнително го урива имиџот на Управниот суд и македонското правосудство.

Според документ на Академијата за судии и обвинители која ја води директорката Наташа Габер Дамјановска две од трите судијки кои завчера пресудија против Гордана Силјановска Давкова и Државната комисија за спречување на корупција се предавачи кај тужителот, Академијата за судии и обвинители.

Управниот суд завчера на јавна седница а потоа и на затворени консултации расправаше за претставката од Гордана Силјановска Давкова и одлуката на ДКСК според која Академијата за судии и обвинители за време на изборите треба да ја запре постапката за вработување на 130 судии и обвинители.

Според документот од Академијата за судии и обвинители со кој има пристап expres.mk две од судијките се предавачи на Академијата за судии и обвинители и во никој случај не смееле да судат за правен субјект со кој се во лични деловни односи.

Ова ги става судијките во позиција на конфликт на интерес а пресудата на Управниот суд за поништување на решението на ДКСК за запирање на вработување на судии и обвинители среде избори ја прави коруптивна.

Фактот што две од трите судијки се во правен и деловен однос со тужителот Академијата за судии ја прави пресудата на Управниот суд сомнителна и нелегална заради јасен случај на конфликт на интереси кој можел да биде избегнат со изземање кое не се случило.

Зошто претседателот на Управниот суд не го спречил овој судир на интереси и зошто самите судијките не се изземале од судење по тужба од тужител со кој имаат лична деловна соработка е нејасно иако можело да се претпостави дека судијки кои имаат соработка со Академијата ќе судат во нејзина корист.

Во исто време за конфликтот на интереси молчи и директорката на Академијата за судии и обвинители Наташа Габер Дамјановска која беше присутна на судењето одржано завчера и со свои очи видела дека две од судијките на управниот суд се лица ангажирани од неа за предавачи на Академијата која се јавува како тужител во случајот.

Г. М.