„Најголемата и непоправлива штета и зло, што е извршена врз населението овде, не е ‘продажбата на името’, ниту е ‘бугарскиот диктат’, ниту е ‘албанизацијата’, туку е неговото тенденциозно ‘отупавување’, што е согледано и во сериозни истражувања. Ако се нема рамнотежа во свеста, неизбежно е и чувствата да стануваат уривачки.“ – пишува професорката по политички науки д-р Ана Чупеска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во својата скандалозна колумна, преполна со брутални навреди кон македонскиот народ, кого таа не само што го нарекува “отупавен“, туку и го напаѓа дека има „параноја од од албанизација и бугаризација“ и оти „западнал во идентитетска криза“! Во невиденото омаловажување на македонскиот народ и неговото национално достоинство професорката Чупеска поправо и не го користи никаде изразот „македонски народ“, туку дури го прикажува како „население без самосвест“, кое „нема интелигенција за Другоста“. Колумнистката поправо и го избегнува изразот „македонски народ“! Но, од контекстот на напишаното и од повеќето изрази сосема е јасно дека примитивниот и низок речник на оваа универзитетска професорка и доктор на науки се однесува токму на македонскиот народ.
Во својата колумна со наслов „Деструктивни јавни емоции“, која ја објави информативниот портал „Либертас“, покрај другото, професорката Ана Чупеска наведува: Што да се прави, за да еволуира општествената свест на една група население, популарно наречена народ? Тој ќе треба да се еманципира; да се самоосвести, особено, во однос на сопствената положба во рамки на светот околу себе. Но, таква операција, овде не е направена. Сè уште не. Народот се сведе на “гласови” и западна во идентитетска криза.
Да имаше еманципациски проект овде, немаше Уставот да се третира како заговор. Да имаше таков проект, немаше да има параноја од албанизација и бугаризација. Немаше да доживуваме постојано цивилизациски назадувања, културолошки црвјосаници и прекини во демократијата.
Онаму каде што нема сочувство, нема ни интелигенција за Другоста, за дискриминираните, за различните … Да се запрашаме сега која е доминантното чувство во нашиот народ?! Сочувствителноста, или омразата? Од каде се овие чувства? Кој ги поттикнува? Дали се подложени на инженеринг со нив? За каква цел и во чиј интерес?
Деструктивните, уривачки чувства во нашата стварност станаа јавни. Колку повеќе си подеструктивен, толку си побитен. Јавните емоции во нашата/вашата држава се неинтелигентни. Ова, особено ако се однесуваат на цели групи (етноцентризам/шовинизам).
Прогресивната интелектуала од разни причини не успеа да се наметне и да се востанови како јавна сила/свест. Оние “похрабрите”, што се обидуваат нешто да направат на оваа тема, кога ќе ја изнесат болната вистина за состојбите, не е реткост да бидат јавно сатанизирани.
Целата колумна тука







