Скагс: Мора да бидеме внимателни во САД каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават!

„Мора да бидеме внимателни околу тоа каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават!“предупреди Дејвид Скагс, поранешниот член на Конгресот на САД од редовите на Демократската партија, истакнувајќи го своето лично мислење дека е од интерес на САД Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски. Скагс ова го нагласи синоќа во „Тема на денот“ на дневникот на ТВ Сител. Тој настапи заедно со Бил Флорес, поранешниот член на Конгресот од редовите на Републиканската партија на САД.



САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на * Македонија во ЕУ. Да бев јас бев Македонец, ќе се чувствував удобно оти САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе ги видиме САД посилни.“ – кажа, покрај другото, Флорес одговарајќи на прашањето дали очекува по завршување на претседателските избори да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западниот Балкан.

Според него, „пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку и бидејќи е исто така важно и за економијата на * Македонија“. „Македoнија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа-процесот и кога државата организираше референдум за промена на името. Многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа доти има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат * Македонија во тој процес.“ – посочи Бил Флорес.

Флорес и Скагс се уверени во способноста на Собранието на Република Македонија да оди напред, согласно со она што го виделе. „Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс. Но тој се уште не е целосно спроведен. Според разговорите, што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработените и пратениците, би сакале да спроведат систем, во кој ќе се вметнат најдобрите практики. Ние се надеваме дека ќе продолжи овој ентузијазам, што го видовме ова утро.“ – додаде Бил Флорес. Според Дејвид Скагс, она што го виделе во изминатите пет дена партиската дисциплина во државава и во многу други парламентарни држави, како што рече, е многу построга отколку што е во Конгресот