Си Џинпинг нема да учествува на инаугурацијата на Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп следниот месец, и покрај тоа што доби лична покана од Трамп по денот на изборите, дознава Њузвик.



Покана за Џинпинг, но не и за Путин за инаугурацијата на Трамп

МНогу е веројатно, амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга  да го претставуваат Пекинг на настанот на 20 јануари, во согласност со стандардниот дипломатски протокол. На делегацијата би можеле да и се придружат и други кинески претставници, но не и претседателот.

Кинеската амбасада во Вашингтон и тимот на Трамп одбија да ја коментираат одлуката на претседателот.

Трамп ја упати поканата до Си и покрај тоа што неодамна изјави дека има намера да воведе високи царини за кинески стоки, повеќе од 25 проценти што планира да ги воведе и на Мексико и Канада.

Идната портпаролка на Трамп, Керолин Левит, рече дека повикот е пример за тоа дека претседателот Трамп воспоставил отворен дијалог со лидерите на сите земји, не само со оние кои се сојузници на Америка, туку и со противници или конкуренти.