Си одат дома 12 пациенти кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска (25 март) од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани.



Од оние кои се лекуваат во странство, денеска се очекува едниот пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото лекување во Скопје.

Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

„За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период“, рече Таравари на прес-конференција.