Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова со објава на социјалните мрежи по смртта на папата Франциско. Таа објави по што ќе го памети поглаварот на Римокатоличката црква.
„Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Франциско.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата година ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Папата Франциско на 7-ми мај 2019-та година престојуваше во Скопје, со што стана единствениот нпоглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија.





