Сиљановска од ,,Сан Клементе” испратена со ,,Денес над Македонија се раѓа” (ВИДЕО)

Македонци од сите краеви на земјата во чест на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во катедралната црква Сан Клементе во Рим каде се наоѓа гробот на Свети Кирил, ја пееја македонската национална химна ,,Денес над Македонија се раѓа”.



Групата македонски верници во црквата Сан Клементе дојдоа на празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј и за да ја поздрават новата претседателка на Македонија.

Најстарата Македонка во групата е на возраст од 79 години.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова за време на посетата на Рим се сретна со Папата Франциск, со италијанскиот претседател Матарела а положи и венец на гробот на Свети Кирил во Сан Клементе.