На средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со претставници на Обединетата Македонска Дијаспора било заклучено дека постои потреба од засилување на врските со македонската дијаспора

,,Задоволство ми беше да разговарам со Стојан Николов, потпретседател на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД).
ОМД е еден од најголемите столбови на македонството и еден од најголемите промотори и бранители на македонските интереси.
На средбата ја истакнавме потребата од зајакнување и конкретизирање на врските со нашата дијаспора.
Разговаравме за важноста на културните, научните, образовните и економските односи и соработка, како и за вклучување на нашите сонародници во сите сфери на нашиот општествен живот.
Во овој контекст, изразив намера за формирање на Национален совет за соработка со дијаспората во кој ќе вклучиме видни личности од дијаспората заради координирана работа и соработка.
Предложив млади од дијаспората да се вклучат во работата на Советот за млади.
Дијаспората го чува и јакнее македонскиот идентитет, како дел од нашата заедничка вечна приказна ширум светот”, пишува во објавата на претседателката по средбата со претставници на ОМД меѓу кои беше и директорот на оваа организација за Европа Гордан Јорданов.







