Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МТВ открила детали за последната средба и односите со бугарскиот претседател Румен Радев како и за можноста до крајот на годинава да има исчекор на македонскиот пат кон ЕУ.
Во емисијата која ќе се емитува вечерва во 19 часот и 50 минути шефицата на државата открила дел од новите имиња во комисијата за помилување.
Според извори кои биле присутни на снимањето на емисијата попладнево претседателката Силјановска смета дека еден од помилуваните за кој се крена врева во јавноста воопшто не треба да лежи в затвор.
Интервјуто ќе се емитува веднаш по вестите на првиот програмаки сервис на МТВ во 19.50.






