• Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Search
Thursday, April 16, 2026
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.
Expres.mk
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Home Популарно Сиљановска-Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на...
  • Популарно
  • Свет / Балкан
  • Слајдер

Сиљановска-Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

May 22, 2024
Facebook
Twitter
Pinterest
WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.



    Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.

    Утре, четврток, во Апостолската палата, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин.

    На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова во базиликата „Сан Клементе” ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил. Претседателката Сиљановска Давкова ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре”, кадешто ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

    На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, по што е предвидена пленарна средба на делегациите на двете земји.

    Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, претседателката Сиљановска Давкова во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола”, настан во организација на Министерството за култура.

    Во состав на државно-црковната делегација, што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова се заменик министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Европски, г. Пимен.

    • TAGS
    • ватикан
    • Кирил и методиј
    • Рим
    • Силјановска Давкова
    Facebook
    Twitter
    Pinterest
    WhatsApp
      dimitar
      • Контакт
      • Импресум
      • Маркетинг
      • Услови за користење
      © Expres.mk. Сите права се задржани.