Со Чешка негуваме пријателски и партнерски односи – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва.
“Особено ни е важна силната поддршка за македонските аспирации за членство во ЕУ, што Чешка ја дава како на билатерално ниво, така и во рамки на институциите на ЕУ и преку делувањето во рамки на Вишеградската група” напиша претседателката.







