Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување седум вонредни и ополномоштени македонски амбасадори во пет земји и две организации. Меѓу отповиканите е македонскиот амбасадор во НАТО Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година. На другите мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава.
Отповикани се Теута Агаи-Демјаха, шефица на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева, како и амбасадорите Данчо Марковски во Албанија, Марија Ефремова во Ватикан, Фатон Бејта во Данска, Сали Лимани во Казахстан и Шабан Јашари, во Катар со седиште во Доха.





