Поддршка за унапредување на правата македонското национално малцинство во Република Албанија изразила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.
„На средбата претседателката е информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија“, се вели соопшението од Кабинетот на претседателката.
Претседателката повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.
„Разменети се и мислења за последниот попис спроведен во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, што не ги преземаат објавените резултати“.
Претседателката ја нагласи и важноста од пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.






