„ Ако некој мисли дека во моментот кога ние ќе ги запишеме Бугарите во Преамбулата на Уставот, готово ќе тргне процесот, тогаш мислам дека е тоа повторно една илузија.
Ова го изјави шефицата на македонската држава во вчерашното „Само интервју“ на Канал 5.
„Ако ние сме поминале низ една тешка одисеја на промена на име, на неуспешен референдум, на пратеници кои на многу чуден начин гласаа. Сето тоа треба да се има предвид за да се убеди…
Значи сите страни треба да бидат на потег. Значи може одложено дејство, може толкување, да почнеме ние преговори да не става Бугарија вето за да изградиме пријателски односи, ние ќе брзаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми, Бугарија ќе покажува добра волја, нема да не кочи и така ќе се сретнеме побрзо. Ем, ќе стапат во сила измените, ем ние ќе бидеме пријатели“, изјави Сиљановска Давкова.






