Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на самитот на северноатланската алијанса во Хаг ги повика членките на НАТО од ЕУ да го завршат обединувањето на Европа.

,,Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет во Хаг, Кралството Холандија.
Потсетив на симболиката на 26 јуни – денот на потпишувањето на Повелбата на ОН во 1945, на американската солидарност со Европа за време на Студената војна и епизодата од распадот на Југославија во 1990 година и посочив на неопходноста од единство околу деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес.

Ги повикав земјите членки на ЕУ, коишто во исто време се и членки на НАТО, да го завршат обединувањето на Европа, бидејќи европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.







