Прашањето за изградба на брза железничка пруга од Табановци до Гевгелија било загатнато на вчерашната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со српскиот колега Александар Вучиќ за време на посетата на манастирот „Прохор Пчински“ по повод одбележувањето на Денот на Републиката – Илинден.
Домаќинот, Вучиќ, во разгвор со вицепремиерот на Македонија, Иван Стоилковиќ, рече дека побарал да се разгледа можноста Србија да изгради пруга до Табановци, а македонската страна – оттаму до Гевгелија, со што би се овозможило побрз пристап до Солун.
Претседателката Сиљановска рече дека предлогот е логичен и дека го поддржува како идеја.
„Не можам да зборувам за железницата, но предлогот е логичен, да. Дури и да ве насмеам, денеска реков дека во времето на Отоманската империја одеше ‘Ориент Експрес’, денес имаме сериозен проблем со железницата.
Железницата е многу важна, тоа е надлежност на владата, но денеска имавме претставници и од владата и мислам дека тоа е логично решение“, изјави Сиљановска.






