Унгарскиот шеф на дипломатијатга, Петер Сијарто, вели дека неговата земја е меѓу оние малцинство земји на ЕУ кои се поддржувачи на проширувањето на Унијата.



„Скептичните земји или оние кои се против проширување никогаш не зборуваат отворено и директно“, вели Сијарто чија земја од 1 јули ќе го преземе претседавањето со ЕУ.

„Тие никогаш нема да речат – ние сме против проширување, ние не се согласуваме с. Македонија да се приклучи на ЕУ. Тие секогаш ќе стават напред некои вештачки нешта, кои всушност и не разбирате што значат.

Што значи ‘внатрешни реформи пред проширување’? Што значи ‘продлабочување пред проширување’?

Ова се комуникациски балони, комуникациски панели што не значат ништо. Тие имаат само функција да ja сокријат позицијата против проширувањето. Затоа велам дека искреноста мора да се врати во дебатата за проширувањето. Искреноста и взаемната почит“, вели Сијарто.

„ Да се почитува с. Македонија, за мене, на пример, значи членките на ЕУ да зборуваат директно и отворено за нивните позиции, во однос на проширувањето и приемот. Но, тие никогаш нема да го кажат тоа. Тоа што исто така ме фрустрира е што гледам претставници на земји-членки како зборуваат јавно и потоа ги слушам што зборуваат зад затворени врати“, вели Сијарто.

„Како да не се исти земји. Ставаат вештачки сопки на патот, ставаат предуслови што апсолутно не се реалистични. На пример, стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ мислам дека не е ниту фер, ниту рационална, оти додека земјата не е целосно интегрирана во политичката интеграција, вакви предуслови не може да се очекува да бидат исполнети“. СДК